Познат македонскиот состав на шаховската Олимпијада во Самарканд

Узбекистанскиот град Самарканд идниот месец ќе биде домаќин на 46 шаховска Олимпијада, на која македонскиот репрезентативен шах ќе биде претставен во машка и женска конкуренција.

Како што објави Светската шаховска федерација (ФИДЕ), натпреварувачкиот дел ќе стартува на 16 септември, со воведното од вкупно 11 кола кои ќе се играат во Меѓународниот изложбен центар „Патот на свилата“.

Македонската шаховска репрезентација во машка конкуренција е рангирана на 58. место и на Олимпијадата во Самарканд ќе настапи во состав Филип Панчевски (ИМ, 2430, рејтинг), Емил Ристески (ИМ, 2407), Антон Златков (ФМ, 2389), Никола Николовски (ИМ, 2385) и Тони Лазов (ИМ, 2383).

Македонските шахисти на последната Олимпијада која се одржа во 2024 година во Будимпешта го освоија 61 место, а Тони Лазов постигна историски успех во поединечна конкуренција, освојувајќи го сребрениот медал поединечно на втората табла.

Во женска конкуренција, македонската репрезентација на првата табла ќе ја предводи Моника Стојковска (ЖФМ, 2076), а во составот ќе бидат и Моника Жежовска (ЖФМ, 1990), Ивана Манова (ЖФМ, 1938), Сања Трајковска (1990) и Катерина Петровска (1888). Македонските шахистки на последната Олимпијада го освоија 77 место.

Титулите во машка и женска конкуренција ги брани Индија.