Порази за шахистите и шахистките во вториот ден на Олимпијадата во Грузија

По вчерашниот одлично отворање на шаховската Олимпијада во Грузија, денес нашите претставници забележаа порази и во машка и во женска конкуренција. 

Шахистите, кои во првото коло славеа над Брунеи со 4-0, денес немаа сили за успех и против Молдавија, откако загубија минимално со 2,5-1,5. Победа извојува само Георгиев на прва табла, додека Недев се избори за реми. 

Дамите пак, поминаа исто како мажите и со 2,5-1,5 загубија од Унгарија. Стојковска запиша победа, но неочекувано на првата табла загуби Бејатовиќ, па потоа Коскоска и Петроска не успеаја стигнат до поволен резултат.