• Горан Упале

Македонските шаховски репрезентации забележаа половичен успех во петтото коло од Олимпијадата во Индија.
Машката репрезентација одигра 2-2 со репрезентацијата на Велс, која објективно беше послаб противник и очекувавме повторно нашите шаховски асови да нè израдуваат со победа. Партиите на сите табли завршија со реми.
Женската репрезентација со 3-1 ја совлада репрезентацијата на Тајланд. Победи извојуваа Ивана Манова на првата табла и Леа Ефтовска на третата, додека Драгана Николовска и Моника Жежовска ремизираа со своите противнички.
Во следното коло машката репрезентација ќе игра со репрезентацијата на Сирија, а женската со селекцијата на Финска.