Почина легендарниот српски шахист Борислав Ивков

Ивков

Легендарниот српски шахист Борислав Ивков почина во Белград на 89-годишна возраст.

Тој беше јуниорски светски шампион во 1951 година, стана велемајстор на само 22 години кога беше државјанин на тогашната социјалистичка Југославија.

Во својата долгогодишна кариера освои десет олимписки медали, од кои шест сребрени и четири бронзени, пет на Светските и Европските првенства, а трипати меѓу другите титули беше шампион на Југославија. Во 1970 година, Ивков беше дел од тимот на „Остатокот од светот“ против тогаш непобедливиот Советски Сојуз во таканаречениот „меч на векот“ во Белград.

Исто така беше тренер и на машката и женската репрезентација на Југославија, а важи и за автор на неколку книги за шах. Во 2006 година го освои Европското првенство за ветерани.