• Зоран Мишевски
Oдлични вести за македонскиот шах стигнуваат од Унгарија.
Македонските шаховски репрезентации во машка и женска конкуренција си максимални победи го почнаа настапот на 45. шаховска Олимпијада која од средата се одржува во Будимпешта.
Македонските шахисти во воведното коло триумфираа над Того со 4-0, а максимален триумф запишаа и шахистките во дуелот против Танзанија.
Стартните победи за Македонија на машкиот турнир ги забележаа Евгениј Романов, Тони Лазов, Никола Николовски и Емил Ристески, а кај дамите Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска и Сања Трајковска.Во денешното второ коло, македонските шахисти за противник ја имаат Романија, а шахистките ќе играат против селекцијата на Холандија.
На шаховската Олимпијада во унгарската престолнина настапуваат рекордни 194 репрезентации во машка и 181 селекција во женска конкуренција.