Победа и пораз за нашите шахисти и шахистки на екипното ЕП во Будва

Македонските шаховски репрезентации забележаа победа и пораз во седмото коло од екипното Европско првенство кое се одржува во Будва, Црна Гора. 

Шахистите извојуваа победа над Косово со 3-1, додека дамите доживеаја убедлив пораз од Словенија со 3,5-0,5. Мажите во пресрет на последните четири кола се на 27. место со шест бодови, а во женска конкуренција сме на едно место подолу со вкупно пет освоени бодови. 

Турција ќе биде следниот противник на машката репрезентација, додека македонските шахистки во осмото коло ќе се соочат со селекцијата на Норвешка.