По пауза од четири години конечно победа на нашите шахисти на едно ЕП

По пауза од четири години конечно македонската машка шаховска репрезентација успеа да слави победа на едно Европско првенство. Нашите шахисти со 3-1 славеа победа над селекцијата на Фарски Острови во рамки од 4. коло на ЕП, кое се одржува во Грција. 

На првата табла, нашиот најдобар шахист на овој собир, Филип Панчевски (три победи од исто толку натпревари) одигра реми со далеку подобро рангираниот велемајстор Хелги Дам Зиска, а до половина бод стигна и Дејан Стојановски. Победата на нашата селекција ѝ ја донесоа Трајко Недев и Никола Николовски со своите први триумфи на ова ЕП. 

Кај дамите пак, Стојковска, Николовска, Бејатовиќ и Коскоска ги загубија партиите со репрезентативките на Романија за нов пораз на женската репрезентација од 4-0. Мажите во следното коло, кое ќе се одигра утре ќе се сретнат со селекцијата на Словачка, додека жените ќе се судрат со Австрија.