• Зоран Мишевски

Одлични вести за македонскиот шах пристигнуваат од индискиот град Ченаи. Таму веќе почна 44. Шаховска Олимпијада, на која настапуваат 186 репрезентации во машка и 160 во женска конкуренција.
Во првото коло, македонските шахисти и шахистки забележаа убедливи победи без загубен поен. Во машка конкуренција, Македонија триумфираше над Бермуда со 4-0, а со идентичен резултат шахистките беа поуспешни во дуелот со Габон.
Поради руската инвазија врз Украина, на репрезентациите на Русија и Белорусија им е забранет настапот на Олимпијадата, а Кинезите во знак на поддршка на Русија не ги испратија своите шахисти и шахистки, кои ги бранат титулите од последната Олимпијада во 2018 година.