Перфектен крај на годината: Карлсен ја одбрани титулата во забрзан шах

Победничките навики од почетокот на годината ги пренесе и на крајот на 2023 година. Норвежанецот Магнус Карлсен ја одбрани титулата на Светското првенство во забрзан шах, на кое во узбекистанскиот град Самарканд настапија 202 шахисти од 44 земји.

Карлсен го освои првото место запишувајќи седум победи и шест ремија, пред второпласираниот Русин со словенечки пасош Владимир Федосеев и Кинезот Најгуижу Ју.

На женскиот турнир настапија 117 шахистки од 30 земји, а со освојувањето на светската титула сензација приреди интернационалниот мајстор Анастасија Боднарук од Русија, која на стартот беше рангирана на 61 место.

Боднарук запиша шест победи и пет реми исходи во тринаесет кола и заедно со актуелната светска шампионска во стандарден шах, Венјун Ју од Кина, останаа единствени непоразена во Самарканд.