Панчевски победник на „Славјански Опен“, Јаневски најдобар кај младите

Викендов во организација на Славјанскиот универзитет беше одржан силен меѓународен шаховски турнир на кој учествуваа повеќе од 150 натпреварувачи од пет земји.

Победник на меѓународниот шаховски турнир „Славјански Опен“ е македонскиот репрезентативец, Филип Панчевски, кој игра прва табла во дресот на нашата селекција, со освоени осум поени. Второто место му припадна на Емил Ристевски со седум поени, а на трето место заврши Тони Лазов исто така со седум поени.

На Б турнирот за натпреварувачи до 16 години победник е Никола Јаневски. Второ пласиран е Јулиан Матески, а на трето место е Никола Петровски.

А Турнир – ОПЕН
Прво место – Филип Панчевски
Второ место – Емил Ристевски
Трето место – Тони Лазов
Четврто место – Андреј Велјаноски
Петто место – Петар Дренчев
Шесто место – Звонко Станојоски
Седмо место – Александар Кралевски
Осмо место – Никола Николовски
Деветто место – Георги Николаев
Десетто место – Дејан Динев
Најдобар играч од Битола – Марјан Христовски
Најдобар нерејтингуван играч – Александар Нолевски
Најдобар играч над 65 години – Стефан Присаѓанец
Најдобар играч до 18 години – Матеј Звездакоски
Најдобра шахистка – Викторија Велеска

Б Турнир – натпреварувачи со возраст до 16 години (родени 2006 и помлади) и рејтинг до 1.800
Прво место – Никола Јаневски
Второ место – Јулиан Матески
Трето место – Никола Петровски
Четврто место – Кристијан Лазовски
Петто место – Иван Велковски
Шесто место – Игор Александар Спасов
Најдобар играч од Битола – Андреј Лозановски
Најдобар играч до 14 години – Јована Давиткова
Најдобар играч до 12 години – Савина Анемогиани
Најдобар играч до 10 години – Аилин Ндреко
Најдобар играч до 8 гoдини – Тео Гоновски
Најдобра шахистка – Делфина Огњановска