Панчевски донесе победа над Словачка, шахистите со втор триумф на ЕП

Шаховската репрезентација на Македонија во машка конкуренција славеше победа против  Словачка со 2,5-1,5 во 5. коло на Европското првенство што се игра во Грција.

Филип Панчевски победи на првата табла, а останатите партии завршија со реми. Трајче Недев, Дејан Стојановски и Никола Николовски го поделија поенот и Македонија стигна до втората победа на шампионатот.

Девојките ремизираа со Австрија, 2-2 по голема борба. Моника Стојковска на првата табла беше подобра од Катарина Невркла, а Бојана Бејатовиќ на третата табла ја совлада Вероника Екслер. Драгана Николовска и Габриела Коскоска беа поразени.