Отворена шаховската Олимпијада, Македонија дебитира против аутсајдери

Денес во грузискиот град Батуми почнува 43. шаховска Олимпијада. Нашата репрезентација веќе е на местото на настанот, а ги дозна и првите противници. Машката селекција во состав: Кирил Георгиев (2.593), Владимир Георгиев (2.482), Трајко Недев (2.502), Филип Панчевски (2.489) и Никола Николоски (2.394) рангирана е на 43. место од 189 селекции кои ќе се натпреваруваат.

Од 151 пријавен тим нашата женска селекција во состав: Бојана Бејатовиќ, Моника Стојковска, Габриела Коскоска, Катерина Петровска и Драгана Николовска рангирана е 58. место со просечен рејтинг од 2.039.

Машката репрезентација, водена од селекторот Роландо Кутиров, ќе дебитира проти Брунеи, а девојките, кои ги води Влатко Богдановски, ќе се сретнат со Свазиленд.

Погледнете ги највпечатливите фотографии од церемонијата на свечено отворање: