Охрид спремен за зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица“

Во оранизација на младинската шаховска школа „Струга“, а во соработка со шаховската школа Ласкер од Охрид, в недела во Струга ќе се одржи третото издание на зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица 2025”.

На турнирот, покрај деца од Струга и Охрид, ќе учествуваат и шахисти од цела држава и соседството.

„Турнирот е дел од традиционалниот турнир „Езерска кралица“, кој оваа година се одржува по шести пат. Поделен е во четири категорни групи и тоа: деца на возраст до осум години, до 10, до 12 и до 14 години“, истакна директорот на турнирот, Ѓоко Котески.

Турнирот ќе се игра по швајцарски систем од шест кола, со темпо на игра 10+5. Предвидено било момчињата и девојчињата да играат во исти групи, но наградите за освоени места ќе се доделуваат одделно.