Охрид останува домаќин на ЕКК во шах во декември следната година

Македонија ја задржа организацијата на најголемиот шаховски настан во 2021 година. Претседателот на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), Благоја Богоевски, потврди дека Европскиот клупски Куп (ЕКК) во машка конкуренција останува да се одржи идната година во Охрид.

Во декември 2021 година клупската шаховска елита ќе гостува во нашата земја, а потврда стигнала и од Европската шаховска унија и членот на бордот на Светската шаховска федерација, Зураб Азмајпарашвили.

Македонија третпат ќе биде домаќин на вакво силно натпреварување, по турнирот во Охрид пред единаесет години и во Скопје, во 2015 година. 

Македонија ќе пријави две или три екипи како домаќин и верува дека може да оствари големи дела на Европскиот клупски Куп во шах.