Одржан првиот меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“

Шах-Турнир-Скопје

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје вчера се одржа првиот меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“ во чест на поранешниот шахист Тодор Митров – Тиката. На турнирот учествуваа повеќе од 200 шахисти, од кои10 во женска конкуренција.

Според претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски, ова е одлична иницијатива и голем потег.
„Македонскиот олимписки комитет ќе направи напори оваа манифестација да прерасне во традиционална и ќе ги искористиме и сите наши контакти да помогнеме и надвор од нашата земја“ , истакна Тупурковски.

На турнирот настапија 16 велемајстори, од кои 61 странски учесници.