Новиот претседател Богдановиќ ги сподели плановите со челните лица на ФИДЕ

Новиот претседател на Шахофската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ, беше гостин на Светскиот шаховски Куп кој се одржува во Белград и имаше работна средба со челните лице на ФИДЕ.

На средбата се разговараше на повеќе теми и договорени се иницијативи со шаховските федерации на Србија и Црна Гора.

„Голема благодарност до организаторот на Светскиот шаховски Куп кој се одржува во Белград. Како претседател на Шаховска федерација на Македонија, заедно со членот на Управниот одбор Зоран Стојчевски, ги споделивме своите планови со челните луѓе на ФИДЕ (International Chess Federation). Договоривме повеќе иницијативи со пријателските шаховски федерации на Србија и Црна Гора“, истакна новиот претседател на Шаховската федерација на Македонија.

Федерација пред скоро еден месец на изборното собрание го избра Богдановиќ за нов прв човек на шахистите во Македонија.