Македонија рамо до рамо со Русија: Алкалоид и Гамбит меѓу десетте најдобри на ЕКК во шах!

Македонија покрај Русија е единствена земја со два шаховски клубови меѓу десетте најдобри екипи во Европа. ШК Алкалоид заврши на шестото место, а ШК Гамбит Асеко приреди подвиг и го освои осмото место на Европскиот клупски Куп во Порто Карас.

Македонскиот шаховски шампион Алкалоид им се врати на победите, совладувајќи го израелскиот претставник Бер Шева со 4,5-1,5. Динг Лирен, Јанг Ју и Јаковенко забележаа победи на првата, втората и четвртата табла, а Елјанов и Криворучко и Андрејкин ремизираа. 

Вториот наш претставник  Асеко Гамбит запиша нова победа, откако со 3,5-2,5 славеше против екипата на Грин Вуд од Англија. Победи забележаа Стојчев, Динев и Андоновски на последните три табли, додека Николовски ремизираше на втората табла.