• Зоран Мишевски

Интернационалниот мајстор Никола Николовски е победник на овогодинешното издание на викенд шаховскиот турнир. Тој освои осум поени од девет одиграни партии и го потврди шампионското место. Со ист број поени, но со послаб Бухолц, на второ место се пласираше ВМ Кирил Георгиев. Третото место го освои Љубомир Данов од Бугарија со 7,5 поени. Во рамки на деветтото издание на викенд шаховскиот турнир градоначалникот Стевчо Јакимовски го додели пехарот на победникот на Викенд турнирот, а Шаховската федерација му врачи благодарница на првиот човек на Општината за успешна соработка и придонес во развојот на македонскиот шах.
Беше доделена и постхумна благодарница на Лазо Јанчев, за посебен придонес во развојот на шахот во Република Северна Македонија, а која ја прими неговата сопруга. Имено, парични награди добија и натпреварувачите рангирани од четврто до десетто место:
Специјални награди беа доделени на Белослава Крастева од Бугарија со освоени 6,5 поени за „Најдобар женски натпреварувач“, како и на Антон Златков со освоени 6,5 поени за „Најдобар млад натпреварувач во категорија до 18 години“. Александар Кралевски со освоени 6,5 поени е избран за „Најдобар натпреварувач во сениорска конкуренција над 65 години“, Тоде Куков со освоени 6,5 поени за „Најдобар натпреварувач во категорија со рејтинг до 2.100 поени“, Моника Жежовска со освоени 6 поени за „Најдобар натпреварувач во категорија со рејтинг до 1.900 поени“ и Емил Ристески со освоени 6,5 поени за „Најдобар натпреварувач од општина Карпош“.