Невидена ситуација на СП во шах: Карлсен и Непомниашчи ја поделија титулата!

На првиот ден од новата година се одигра завршницата на Светското првенство во брзопотезен шах, а на него епилогот беше неверојатен - Магнус Карлсен и Иан Непомниашчи ја поделија победата.

Седумкратниот светски првак и човекот кој двапати го предизвикуваше во стандарден шах одиграа нерешени 3,5-3,5 и го поделија признанието светски првак. 

Мечот траеше четири партии, Карлсен тргна одлично и поведе со 2-0, а потоа Непомниашчи успеа да израмни. Со тоа избори доигрување во кое се играа уште три партии кои завршуваа без победник. Во тој момент Карлсен стана и му предложи на противникот да ја поделат круната, а Непомниашчи прифати. 

Двајцата пријдоа до судијата, го објаснија мислењето и тврдејќи дека се веќе уморни побараа реми за конечен исход - и го добија.