Ндерим Сарачи од Косово победи на шаховскиот меморијал „Махи Халили-Лала“

Во Тетово вчера се одржа вториот Меморијален шаховски турнир „Махи Халили-Лала“ во организација на шах клубот Анпсан. Победник е Ндерим Сарачи од Косово, втората позиција му припадна на Љубомир Данов од Бугарија додека Македонецот Никола Николовски се пласираше на третото место.

„На турнирот се играше по швајцарски систем, девет кола со временска контрола и рапид на 15 минути, плус уште пет секунди. Учествуваа вкупно 113 шахисти од пет земји и турнирот беше успешен спортски хепенинг“, изјави Низамедин Имери, претседател на шаховскиот клуб Анпасан од Тетово.

Покрај на тројцата најдобри, парични награди имаше за првите десет најдорбопласирани.