Нашите шахисти и шахистки со порази стартуваа на ЕП во Грција

Нашите шаховски репрезентации во женска и машка конкуренцијта со порази ги стартуваа настапите на Европското шаховски првенство, кое се одржува во Грција.

Мажите со 3-1 загубија од далеку поискусната селекција на Грузија, која на овој собир е 13. рангирана. Од нашите репрезентативци победа успеа да извојува Филип Панчевски, кој на прва табла со црни фигури го порази велемајсторот Микеил Мчедлишвили, додека Трајко Недев, Дејан Стојановски и Никола Николовски забележаа порази.

Кај девојките пак, одличен настап имаа Бојана Бејатовиќ, која на третата табла успеа да слави над Теа Ланчава, додека Моника Стојковска на прва табла ремизираше со велемајсторот Жаокин Пенг.  Сепак, Драгана Николовска и Габриела Коскоска беа поразени и фаворизираната Холандија извојува победа од 2,5 – 1,5.
Денеска во второто коло на ова ЕП, мажите играат со третиот тим на Грција, додека жените со Црна Гора.