МШК Карпош и Анпасан нови членови на Првата шаховска лига на Македонија

Клубовите Анпасан и Карпош изборија промоција во Првата шаховска лига на Македонија, откако викендов излегоа како победници на квалификационите турнири за пополнување на елитната категорија во Охрид. 

МШК Центар од Скопје го освои првото место на квалификацискиот турнир. Емил Ристески (16), актуелен шампион на Македонија во категоријата до 16 години, Андреј Велјаноски, Антон Златков, Леонид Петрески, Андреи Калин, Никола Павковски, Сашо Симјановски и капитенот на екипата Ѓорѓи Миновски изборија историска промоција. 

МШК Центар освои 16 бода, еден ипол повеќе од второпласираниот Стево Патако од Битола. Во групата Б, прв беше Анпасан пред Карпош со шест бода.

Турнирот се одигра под посебен протокол одобрен од Комисијата за заразни болести, а организацијата помина во најдобар ред.