Млади шахисти од Македонија и Албанија дел од петтото издание на „Езерска кралица“

Еден од последните спортски настани во нашата земја на крајот од старата и почетокот на новата година беше шаховскиот турнир „Езерска кралица“.

Со учество на 55 момчиња и 21 девојче (67 учесници од Македонија и 9 од Албанија) во Струга се одржа второто еднодневно издание на зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица“. Турнирот беше шаховски турнир во четири возрасни категории (до осум, 10, 12 и до 14 години).

Во категоријата до осум години победија Јуан Гури (1.522) со шест и Миа Цаку (1.463) со четири поени, и двајцата од Албанија. До 10 години славеа Јон Фејзулаху (1.419) со шест и Катја Поп-Николова со четири поени, и двајцата од Македонија. До 12 години најуспешни се Аилин Ндреко (1.668) со шест и Берат Аталко (1.624) со пет поени, и двајцата од Албанија. Во категоријата до 14 години први беа Димитар Симоновски (1.841) од Македонија со шест и Албанката Ирис Хаско со 3,5 поени.

Турнирот е дел од традиционалниот фестивал „Езерска кралица“, кој годинава слави петгодишен јубилеј.