Михаил Николовски победник на шаховскиот турнир ЛАСКЕР 2026

Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид финансирана од Општина Охрид во ООУ Братство Единство Охрид беше организиран Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 младинци, за учениците од средните училишта од Општина Охрид.

На турнирот учествуваа шест ученици и тоа пет момчиња и едно девојче, се играа пет кола по Бергер систем (секој со секого)

Медалите ги освоија:

1. Михаил Николовски, IV клас, ОСУ Св. Климент Охридски Охрид,
2. Павел Мишески, I клас, ОСУ Св. Климент Охридски Охрид,
3. Јован Пуроски, I клас ОСУ Св. Климент Охридски Охрид

Турнирот е организиран од ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид, а е финансиски подржан од Општина Охрид.

Со овој турнир заврши овогодинешното издание на Младински турнир во шах ЛАСКЕР 2026 на кој зедоа учество вкупно 88 учесници од основните и средните училишта од Општина Охрид.