Михаил Николовски победник на шаховскиот турнир ЛАСКЕР 2025

Викендов во Охрид беше одржан десеттиот младински турнир во шах ЛАСКЕР 2025 во ООУ „Братство Единство“. На турнирот, во организација на ШК Ласкер Охрид и со финансиска поддршка од Општина Охрид учествуваа  учениците од средните училишта од Општина Охрид.

Настапија шест ученици, пет момчиња и едно девојче. Турнирот се играше во пет кола по Бергер систем, односно секој со секого. Еве го финалниот пласман:

1. Михаил Николовски, ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
2. Елена Лушеска, ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид
3. Ахмед Сулејман, ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.

Учениците обезбедија учество на Државниот натпревар во шах за учениците од средните училишта, кој е во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија.