Мажите ја прегазија Панама, дамите поразени од Боливија на шаховската Олимпијада

Нашите шахисти забележаа половичен успех на третиот ден од 43. шаховската Олимпијада која се одржува во Батуми, Грузија. 

Мажите, по вчерашниот пораз од Молдавија запишаа нова убедлива победа, откако со максимални 4-0 славеа над репрезентацијата на Панама. Кирил Георгиев со бели фигурни славеше на првата табла против Санчез, а победи за Македонија извојуваа и В. Георгиев, Панчевски и Николовски.

Дамите пак, неочекувано беа поразени со 3:1 од селекцијата на Боливија. Поенот го освоија по реми партиите на Коскоска и Николовска, додека Бејатовиќ и Стојковска беа надиграни од Кордеро и Рамирез. По трите одиграни кола, шахистите освоија 9,5 бода, додека шахистките 6,5.