Македонскитее шахисти приредија изненадување на ЕП во Црна Гора 

Машката репрезентација на Македонија во шах со два порази го отвори Европското екипно првенство, кое се одржува во Црна Гора.

Првото коло за противник ја имавме Чешка, а во второто коло игравме против репрезентацијата на Грузија. И двете репрезентации се покажаа како тежок противник, и во двата меча само Тони Лазов успеа да и донесе поени на нашата репрезентација.  

Во првиот меч против слекцијата на Чешка, нашата селекција освои пола поен против Жика Степан, додека во вториот меч успеа да забележи цел поен против Купарадзе Гига. Машката репрезентација на ова првенство настапува во подмладен состав, па секој поен плус е успех за нашата репрезентација. 

Во женска конкуренција, девојките нè израдуваа вчера со победа против репрезентацијата на Шведска со 2.5-1.5. Иако противникот беше фаворит, нè радува што тоа остана само на хартија, а девојките со борбена игра покажаа дека можат да се носат и со подобрите и поискусни противници.