Македонските шаховски надежи со одлични резултати на ЕП во Турција

Македонските шаховски надежи одиграа половина од предвидените девет кола на Европското младинско првенство. Сите единаесет претставници на Македонија на ова првенство одлично ја претставуваат нашата земја, но посебно за истакнување се неколку од нив.

Емил Ристески во категорија до 18 години освои 3.5 поени од можни 5 и во моментов е на 18. место од 85 учесници.

Исто така, фантастичен досега е и Антон Златков во категорија до 16 години, кој освои 4 поени од 5 и во моментов е на десеттото место од 103 учесници

Кај девојките Моника Жежовска во категорија до 14 години освои 3.5 поени од 5 и во моментов е на 17. место од 76 учесници.