Македонските шахисти запишаа голема победа над Германија

Македонската шаховска репрезентација за слепи и слабовидни лица ја победи Германија и го запиша третиот успех на Светското првенство.

Жарко Селковски ремизира со Олаф Добиерзин во првиот меч. Потоа следуваше поделба на бодовите меѓу Миле Чапанов и Франк Шелман, па победа за Зоран Костадиновски над Герт Шулц и реми меѓу Санде Атанасов и Герхард Дубала.

Македонија има шест бода и заостанува зад Србија, Шпанија, Германија, Израел и Индија на табелата во групата. До крајот ќе се одигра уште едно коло. 

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во полуфиналната фаза.