Македонските шахисти подготвени за ЕП во Батуми

Македонската шаховска репрезентација засилено се подготвува за настап на Европското првенство, кое утре почнува во грузискиот град Батуми. Машката репрезентација ја сочинуваат велемајсторите Кирил Георгиев (рејтинг 2.581),Трајко Недев (2.500), интернационалните мајстори Филип Панчевски (2.490) и Никола Николовски (2.422) и фиде-мајсторот Тони Лазов.

Женската репрезентација ја сочинуваат Моника Стојковска (2.108), Бојана Бејатовиќ (2.004), Габриела Коскоска, Катерина Петровска (1.950) и Ивана Манова (1.795). 

Македонскиот шах има три медали од Европските првенства, сите освоени на шампионатот во Пловдив пред 16 години.