Македонските селекции подмладени на Шаховската Олимпијада во Унгарија

Од 11 септември во Будимпешта ќе се одржи Шаховската Олимпијада, на која се пријавени 194 репрезентации во машка и 181 селекција во женска конкуренција. Македонскиот шах ќе биде претставен во двете конкуренции, а машкиот и женскиот репрезентативен табор.

Машката репрезентација е предводена од селекторот Атанас Кизов во состав: Евгени Романов, Никола Николовски, Тони Лазов, Емил Ристески и Антон Златков.

Женската репрезентација е предводена од селекторот Љубиша Андоновски и е во состав: Моника Стојковска, Сања Трајковска, Ивана Манова, Леа Ефтовска и Моника Жежовска. Покрај селекторите подготовките ги водат и велемајсторите Евгени Романов и Петар Арнаудов.