• Зоран Мишевски
Најмладиот македонски шаховски Интернационален мајстор, Емил Ристески, победи на турнирот „Обербанк Челенџер Опен“ што минатата седмица се играше во Линц, Австрија.
Илиевски кој е член на ШК Алкалоид, со биланс од шест победи и три реми го освои првото место на табелата освојувајќи 7,5 поени од 9 партии.
Ристески трофејот го обезбеди со две победи против директните конкуренти за првото место, ИМ Лукас Лајш (2.417) и ВМ Гералд Хертнек(2.440), кои што по ваквиот расплет се најдоа на делба на второто место со 7 поени.
Со овој извонреден резултат Емил освои и нови 16 рејтинг поени, откако на турнирот влезе со 2.374 поени.
Ристески до своите најголеми успеси во кариерата стигна со поддршката на својот тренер ВМ Трајко Недев, кој овој викенд го водеше и подготвителниот камп за ШК Мулти Есенс што се одржа во Битола. Сепак, обајцата ќе се најдат во првиот тим на ШК Алкалоид на претстојното екипно државно првенство кое ќе се игра во Струмица.