• Зоран Мишевски

Минатиот викенд заврши Балканското екипно првенство во шах за младинци до 18 години. По неизвесна борба до самиот крај првото место го освои репрезентацијата на Грција, втора беше Словенија, а на третото место со што ни го донесоа и бронзениот медал се пласираше првата екипа на Македонија.
Боите на македонската репрезентација во оваа силна конкуренција ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјаноски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска. Селектор на македонските шахисти беше Орце Данчевски.
Ова беше одличен крај на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати.