Македонската шаховска репрезентација со пораз од Хрватска тргна на ЕП

Машката шаховска селекција на Македонија со пораз го отвори Европското екипно првенство во Словенија. Нашите шахисти загубија со 3-1 од Хрватска, во првото коло на турнирот кој се одржува во словенечкото одморалиште во Терме Чатеж. 

Единствен кој победи од македонскиот табор беше Николовски во дуелот со Босиочиќ, додека Лазов, Ристески и Панчевски ги загубија своите натпревари на овој собир. 

На Европското првенство ќе настапи и женската репрезентација на Македонија, која во првата средба ќе се судри со Италија. 

Инаку, на турнирот во Словенија се натпреваруваат 39 репрезентации кај мажите со вкупно 192 шахисти, додека кај жените играат 31 селекција со 153 шахистки.