Македонија со пет учесници на Светското младинско шаховско првенство

Од денес, па до 26 јуни во градот Монтесилвано, Италија се одржува поединечно Светско младинско првенство во шах во категориите до 14, 16 и 18 години (момчиња и девојчиња).

На ова првенство Македонија ја претставуваат вкупно пет учесници:

1. Моника Жежовска - категорија девојчиња до 18 години
2. Никола Павлески - категорија момчиња до 18 години
3. Наде Смилевска - категорија девојчиња до 16 години
4. Кристијан Кавазов - категорија момчиња до 16 години
5. Даниел Стефановски - категорија момчиња до 14 години

Водач на македонската делегацаијата е искусниот велемајстор Звонко Станојоски, а нашите млади шахисти ќе се обидат да ја претстават државата во најдобро можно светло и да остварат одлични резултати на ова силно натпреварување.