• Горан Упале
Одличен старт за македонските шахисти на 46. Шаховска Олимпијада во Самарканд, Узбекистан, каде што и машката и женската репрезентација со убедливи победи го започнаа своето учество.
Благодарение на добриот стартен ранг, двете македонски селекции во првото коло добија на хартија послаби противници и ја оправдаа фаворитската улога со максимални победи од 4-0.
Машката репрезентација во првото коло се соочи со Кајманските Острови, додека женската селекција играше против Сент Винсент и Гренадини. И двете селекции беа убедливи и без загубена партија стигнаа до првите бодови на Олимпијадата.
Во второто коло следуваат значително посериозни предизвици. Македонските шахисти ќе се соочат со Холандија, додека женската репрезентација ќе игра против Аргентина.