Македонија со две репрезентации на Европското младинско шаховско во Грција

Од 12 до 19 јули во Солун, Грција ќе се одржува екипното европско првенство за деца и младинци во четири категории У12, Г12, У18 и Г18.

Македонија ќе ја претставуваат две репрезентации, по една во категориите У12 и У18.

  • Составот на репрезентацијата до 12 години е:

1. Андреј Иванов - рејтинг 1.515
2. Никола Петровски - рејтинг 1.398
3. Александар Спасов - рејтинг 1.337
4. Никола Јаневски - рејтинг 1.337
5. Павел Крстевски - рејтинг 1.121

  • Составот на репрезентацијата до 18 години е:

1. Емил Ристески - рејтинг 2.405
2. Андреј Вељаноски - рејтинг 2.162
3. Михаил Јорданов - рејтинг 2.158
4. Антон Златков - рејтинг 2.149
5. Теодор Јовановски - рејтинг 1.944

Селектор на двете репрезентации е Орце Данчевски. Организаторот најавува дека сите партии ќе може да се гледаат во живо на интернет.