Македонија со 11 натпреварувачи на Европското младинско шаховски првенство во Турција

Во периодот од 5 до 15 ноември во Анталија, Турција ќе се одржи Европското младинско шаховско првенство, на кое свои претставници ќе има и Македонија.

На континелтаниот собир учество ќе земат млади шахисти и шахистки до 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години, а нашата држава ќе ја претстават 11 натпреварувачи.

- Никола Петровски, У10
- Андреј Иванов, У12
- Кристијан Лазовски, У14
- Антон Златков, У16
- Леонид Петрески, У18
- Емил Ристески, У18
- Ивана Велкоска, Г12
- Наде Смилевска, Г12
- Моника Жежовска, Г14
- Инџи Ајрадиноска, Г16
- Михаела Зрмановска, Г18

Водич на делегацијата е Љубиша Андоновски. Од шаховската федерација на нашите натпреварувачки им посакаа среќен пат и уште подобри шаховски партии.