Македонија ја доби организацијата на ЕКК во шах во 2021 година

Македонија и Македонската шаховска федерација добина организација на уште една голема приредба. На когресот на Европската шаховска унија (ЕЧУ) во Батуми, каде што се одржува Европското првенство, беше одлучено Скопје да биде домаќин на Европскиот клупски Куп во 2021 година.

Во 2015 година, кога Скопје беше домаќин на овој Куп, шахистите на Алкалоид беа на чекор до освојување медал, но веќе следната година го освоија златото во Нови Сад, Србија, а во 2017 стигнаа до сребрен медал на турнирот во Анталија.

Македонија често и во минатото била организатор на големи шаховски приредби и секогаш добивала највисоки оценки за организацијата на натпреварувањата.