• Мартин Танасковски

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) го доби најголемиот настан во самостојна Македонија и ќе биде домаќин на престижен настан.
По период од педесет години и за прв пат во историјата на самостојна Македонија, ФИДЕ ни додели организација на настан од светски рамки. Македонија ќе биде организатор на Светското екипно првенство за сениори.
Настанот според календарот на ФИДЕ ќе се одржи од 19 до 29 септември, во Охрид.