Магнус Карлсен стана светски првак и во случаен шах

Актуелниот светски првак во класичен, брзопотезен и брз шах, норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен придодаде уште една светска титула. Во мечот за титулата светски првак во случаен шах го победи Американецот Хикару Накамура со 14-10.

Фишеровиот случаен е варијанта во која се истакнува шаховската креативност и талент ќе бидат позначајни отколку меморијата и анализата на шаховските отворања. Во финалето и одиграните 16 основни партии, плус уште дополнителни три, Карлсен извојува победа од 11-8. 

Последниот меч во случаен шах се одигра пред девет години во Мајнц, кога токму Накамура го победи Левон Аронијан со 3,5-0,5.