Магнус Карлсен потврди дека нема да ја брани титулата светски шампион

Актуелниот светски шампион во шах, 31-годишниот Норвежанец Магнус Карлсен потврди дека се откажува од правото на учество во мечот во кој следната година би ја бранел титулата против рускиот предизвикувач Јан Непомњаски.

Карлсен неодамна изјави дека долгите и исцрпувачки мечеви повеќе не го мотивираат. Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) веднаш реагираше и упати официјална покана до вториот играч од светската рејтинг листа, Кинезот Динг Лирен, да се бори против Непомњаски за титулата светски првак.

ФИДЕ во моментов преговара со два потенцијални града домаќини, а кога ќе се утврди локацијата, наградниот фонд и точниот датум на мечот Јан Непомнијаски - Динг Лирен, ќе добијат договор за овој голем настан.