Магнус Карлсен организира шаховски турнир на интернет

Магнус Карлсен

Поради пандемијата со коронавирусот најголемиот шаховски настан оваа година, Турнирот на кандидатите во Москва беше прекинат по само неколку кола, но најдобриот шахист на денешницата најде начин како шахистите да ја продолжат сезоната. 

Магнус Карлсен се реши да организира шаховски турнир на интернет, чиј награден фонд ќе изнесува 250.000 долари. Како што е соопштено, истиот ќе трае од 18 април до 3 мај, а ќе учествуваат осумте најдобри шахисти на светот во овој момент. 

„Шахот е единствениот спорт на светот на кој нема разлика дали се игра на дрвена табла или пред монитор. Ова ќе биде историски момент за овој спорт, затоа што ќе може да се игра на професионално ниво преку интернет конекција. Ова е прилика, но и одговорност на светот да му понудиме нешто поразлично во периодот кога другите спортови се во мирување“, вели Норвежанецот. 

Пред осум дена беше прекинат ФИДЕ шампионатот на кандидатите во Екатеринбург. каде што осум натпреварувачи се бореа за можност да го предизвикаат токму Карслен.