Магнус Карлсен одби да игра за светска титула против Русинот Јан Непомнашчиј

Магнус

Магнус Карлсен се надоврза на протестите на спортистите поради војната меѓу Украина и Русија.

Норвежанецот неодамна одби да седне и да игра против Русинот Јан Непомнашчиј. Овој меч требаше да одлучи кој е апсолутен владетел во светски рамки.

Претседателот на челната шаховска организација Аркадиј Дворкович излезе со соопштение во врска со новонастанатата ситуација во која вели дека Магнус официјално не го откажал учеството, но дека неговиот став секако ќе биде испочитуван доколку остане така.

„Магнус Карлсен заслужува почит од страна на ФИДЕ и од целата шаховска заедница, каква и да донесе одлука. Многу големи шампиони во другите спортови доживеале слични моменти, бидејќи е тешко да се најде постојан мотив да се натпреварува на највисоко можно ниво, да наградата за победа никогаш не биде толку голема како што била првиот ден. Веруваме дека заслужи одмор“, најавил Дворкович.

Огромно рзозочарување владее кај рускиот шахист, кој беше силно мотивиран да го предизвика светскиот првак.

„Лично, ова го сметам за многу разочарувачки и тажно. Можеби се чувствуваше заложник на целата ситуација околу нас“, изјави Непомњашчиј.

Лани овие двајца се судрија за светската титула и мечот заврши со победа на норвешкиот велемајстор.