• Зоран Мишевски

Норвешкиот шаховски велемајстор Магнус Карлсен го освои Светското првенство во забрзан и брз шах што денес заврши во Алмати.
На ова Светско првенстрво учествуваа 176 шахисти од 43 земји. Норвежанецот ги обедини титулите на светскиот шампион во забрзан, брз и класичен шах.
32-годишниот Карлсен е светски шампион во класичен формат од 2013 година, но претходно најави дека нема да ја брани титулата на Светското првенство во 2023 година.