Магнус Карлсен ги продаде „спорните“ фармерки од СП за луда сума

Поранешниот светски првак во шах Магнус Карлсен направи сериозен профит од скандалот кој го одбележа минатото Светско првенство. 

Во декември на Карлсен му беше забранет настап на Светскиот шампионат во фармерки, поради што тој реши да оди против ФИДЕ и се повлече. За тоа доби казна од 200 евра, а сега Норвежанецот сериозно го наплати целиот скандал. 

Имено, спорните фармерки на Карлсен од Светското првенство беа продадени на аукција за сума од 36.100 долари.

Бидејќи тоа беше шаховски дуел од првото коло, понатаму Карлсен не настапуваше на турнирот и го препушти светскиот врв.