Лирен Динг златен на првата табла, Алкалоид со три поединечни медали на ЕКК во шах

Шахистите на Алкалоид го поделија третото место на Европскиот Клупски Куп, кој се одржуваше во Порто Карас, Грција, но останаа без екипен медал завршувајќи на шестото место според перформансот.

Во последното седмо коло шампионот од пред две години за противник ја имаше силната екипа Беер Шева од Израел, но о сигурна игра и многу борба успеа да извојува убедлива победа од 4,5-1,5. За македонскиот претставник победи извојуваа 
Динг Лирен на права табла, Ју Јангји на втората табла и Дмитри Јаковенко на четвртата табла.

Сепак, Алкалоид собра три медали во поединечна конкуренција. Велемајсторот Лирен Динг од Кина стигна до златниот медал на првата табла со 4,5 поени од 6 партии и извонреден перформанс од 2.849 рејтинг поени, Ју Јангји со 5 поени од 7 партии и перформанс од 2.739 поени, застана на втората позиција на втората табла, додека Дмитри Јаковенко го освои сребрениот медал на четвртата табла со 5 поени од 7 партии и перформанс од 2.745 поени.