Во дербито на шестото коло екипата на Алкалоид играше против најсилната екипа на турнирот Глобус. За руската екипа настапија шест шахисти од самиот врв предводени од поранешниот Светски првак Владимир Крамник. На сите шест табли се играше солидно и без ризик, па крајниот резултат беше очекуван 3:3 со шест реми партии.