• Зоран Мишевски

Стартот на екипното првенство на Македониј во шах, кое се одржува во Охрид, донесе очекувани и убедливи победи на двата изразити фаворити за титулата, Алкалоид и Гамбит Асеко.
Двата скопски тима запишаа лесни и убедливи победи, а и не загубија ниту една партија. Бранителот на титулата ШК Алкалоид настапи со македонски состав и не пријави ниту еден од странските шахисти.
Резултати:
ШК Алкалоид - ГШК Куманово 4,5-1,5
Гамбит Асеко - Гостивар 5,5-0,5
Приклеп - МСК Центар 4,5-1,5
Кисела Вода - Карпош 4,5-1,5
Партиите од второто коло се играат утре попладне.