• Зоран Мишевски

Легендата на светскиот шах и поранешниот светски шампион Анатолиј Карпов е тешко повреден и се наоѓа во вештачка кома, јавуваат одредени руски медиуми. Рускиот велемајстор е хоспитализиран и се наоѓа на интензивна нега во Москва со сериозна повреда на главата.
Шахистот в болница пристигнал во несвест и во алкохолизирана состојба. По прегледот лекарите констатирале затворена краниоцеребрална повреда и скршеница на левата бутна коска.
Рускиот бизнисмен Андреј Ковалев изјави дека непознати лица го нападнале Анатолиј Карпов на излезот од Државната дума и му нанеле сериозни повреди. Неговата ќерка, пак, кажа дека Карпов паднал во домот пред два дена и бил хоспитализиран и децидно ги отфрли објавите дека нејзиниот татко бил нападнат.
71- годишниот Анатолиј Карпов беше светски шампион во шах од 1975 до 1985 година.